Барселона го победи Вилјареал со 2:1 и со ова го запиша третиот овосезонски триумф оваа сезона во Ла лига .

Каталонците одлично го започнаа натпреварот на „Камп Ноу“ поведоа преку Гризман во 6 минута а Артур со прекрасен гол од далечина зголеми на 2:0 во 15 минута.

 

На ова следуваше одговор од Казорла со еврогол во 44 минута па Вилјареал со негатива од еден гол замина на пауза.

На стартот од второто полувреме Дембеле истрча на местото на Лионел Меси кој повторно се повреди и ги загрижи навивачите на Барселона.

Во следното коло Барселона ќе му гостува на Гетафе а Вилјареал ќе го пречека Бетис кој вечерва го победи Леванте со 3:1, Барди поради повреда не беше дел од овој меч.