На вчерашната средба од Серија „А“, Лацио ја совлада екипата на Болоња, со резултат 2:0. Лацио барем за момент е лидер на табелата.

Но, вчера видовме и емотивен момент, со огромната поддршка што фановите на Лацио му ја дадоа на болниот тренер на Болоња, Синиша Михајловиќ.

Фанатите Curva Nord поставија неколку огромни банери со натпис: „Вистински маж со дух на воин. Во најтешката битка ние сме на твоја страна. Напред Синиша“.

Михајловиќ настапувал за Лацио од 1998 до 2004 години и со клубот го освои Скудетото во 2000. година, освои два Купа на Италија, Купот на куп победници на УЕФА, како и Суперкупот на УЕФА.

Михајловиќ (51) е болен од леукемија и веќе мина три хемотерапии.