Фановите на Малага пред денешната домашна средба од 27. коло на Шпанската Сегунда, симболично го „погребаа“ клубот, носејќи мртовечки сандак по градските улици се до стадионот „Ла Росаледа“.

Малага веќе две сезони настапува во Сегунда, а оваа година е дури во опасност да испадне и од оваа лига, бидејќи е на само два бода над зоната за испаѓање.

На сето тоа се придодаде и скандалот со интимното видео на отпуштениот тренер Виктор Санчез.