Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез ги израдува фановите на Реал Мадрид, откако низ разговор соопшти дека Килијан Мбапе следната година доаѓа во клубот.

На социјалните мрежи кружи видео во кое се гледа автомобилот на Перез како застанува и неколку фанови кои се собраа да разговараат со него.

За време на разговорот еден од нив извика:

„Претседателе, потпишете со Мбапе!“

На што Перез врати:

„Следната година.“

Французинот Мбапе сакаше да се пресели во Реал во август, но ПСЖ не го пушти, и покрај тоа што доби понуда од над 200 милиони евра. Неговиот договор истекува на 30 јуни 2022 година и се очекува напаѓачот да го напушти Париз како слободен играч.