Кристијано Роналдо беше гостин на престижниот спортски весник „Марка“ на вечерата со познати личности и легенди.
Децата го имаа главниот збор и беа во улога на новинари, Роналдо беше гостин, на почетокот малку нервозен, подоцна релаксиран.
„Со новинарите е лесно, но со децата…“ – се шегуваше на почетокот Роналдо.
Првото прашање го постави Клаудија, носеше дрес од Спортинг , клуб каде кариерата ја започна Роналдо. Таа го праша дали знаел дека ќе стане најдобар на светот и дали очекува да ги освои сите овие трофеи досега. Одговорот беше едноставен.
„Не, никогаш не сум размисливал за тоа, сакав само да станам професионален фудбалер“ – изјави Роналдо.
Следуваше прашање на момчето со дрес на Манчестер Јунајтед, Гонзало го праша Португалецот дали му недостасуваат Јунајтед и Реал Мадрид.
„ Ми недостасуваат двата клуба, животот повеќе ми се измени во Мадрид, тука ми се родија децата, овде ја запознав мојата девојка, Мадрид повеќе ми недостасува“ – беше искрен Роналдо.
Comments are closed for this post.