Во дербито на 24.коло од Бундес лигата, Лајпциг и Баер Леверкузен одиграа 1-1, резултат од кој профитира актуелниот првак Баерн Минхен во обидот да ја одбранат титулата.

Двата гола на натпреварот беа видени во првиот дел, а во водство дојдоа гостите во  29. минута преку Бејли, а само три минути подоцна Лајпциг изедначи преку Шик, по асистенција на Нкунку.

РБ Лајпциг е на второто место во Бундеслигата со 49 бода, а Баер Леверкузен е петтопласиран со 44 бода.