Фудбалерите на Баер Леверкузен се првите финалисти во Купот на Германија, откако ја оправдаа фаворитската улога во првото полуфинале против нисколигашот Сарбрукен.

„Фармацевтите“ славеја со 0-3, а победникот го решија по првите 20.минути, кога со головите на Диаби и Аларио имаа убедлива предност.

Во вториот дел судбината на Сарбрукен ја запечати Белараби со погодокот во 58.минута, а преостанатите половина час беа чиста рутина за Леверкузен.

Утре се игра второто полуфиале во кое ќе се сретнат на „Алијанз Арена“, Баерн Минхен и Ајнтрахт Франкфурт.