Фудбалерите на Баер Леверкузен ја совладаа Локомотив Москва на гостински терен со 2-0 и ги задржаа шансите за втората позиција на табелата во групата Д.

Германскиот тим рано го отвори резултатот со автоголот на Жемалетединов, а тоа им даде дополнителна самодоверба на гостите кои со голот на Бендер во 54 минута го решија победникот. Со овој триум Леверкузен има 6 поени и е на само еден бод негатива од Атлетико Мадрид кој вечерва го очекува тежок дуел во Торино против Јувентус.

Доколку Јувентус слави во последното коло ќе се надева на изненадување над Јувентус, додека шпанците ќе имаат нов меч топка против Локомотив Москва која ги загуби сите шанси за пласман во осминафиналето.