Кога одлучија да платат над 128 милиони евра за Жоао Феликс, челниците на Атлетико Мадрид се надеваа дека ќе добијат екстра засилување, но младиот Португалец најверојатно ќе биде и повеќе од тоа.

Атлетико Мадрид го победи Ол-Стар тимот на МЛС лигата со 3:0 а Жоао Феликс постигна еден прекрасен гол и запиша една асистенција. За поразениот тим настапија добро познатите Ибрахимовиќ, Руни, Нани, Вела и Швајнштајгер.

Според тоа како ја поставува играта Диего Симеоне ова лето, слободно можеме да очекуваме офанзивен и допадлив фудбал од „јорганџиите“ во новата сезона.