Елиф Елмас денес и официјално треба да стане нов фудбалер на Наполи, откако турски Фенербахче го потврди трансферот.

И додека Елмас е на лекарски прегледи во Рим, Фенербахче на заминување за македонскиот репрезентативец подготви двеминутно видео за него во кое Елмас им се заблагодари на навивачите за поддршката, на клубот за шансата и им порача – „никогаш нема да ве заборавам и секогаш ќе бидете во моето срце“.