Репрезентацијата на Шпанија за играчи до 19 години стана Европски првак на континенталниот собир во Ерменија, во финалето „фуријата“ ја победи Португалија со 2-0.

Играчот на Валенсија, Феран Торес е херој кај Шпанија, со два гола  и донесе титула на својата репрезентација. Торес погоди во 34 и 51 минута од средбата. Шпанците стигнаа до 11. титула  Европски првак во оваа возрасна категорија.