Манчестер Јунајтед и на стартот од оваа сезона игра очано, а последниот пораз во Премиер лигата од Вест Хем ја прели чашата кај навивачите на „црвените ѓаволи. Тие бараат смена на Оле Гунар Солскјер, а поранешниот негов соиграч Рио Фердинанд застана во одбрана на Норвежанецот.

„Оле да си оди ? Поради што ? Па нема да менуваме менаџери секоја недела. Тоа ли сакате, лош резултат и веднаш избркај го тренерот“ – вели Фердинанд.

Англискиот гигант по 6 одиграни кола во Премиер Лигата има само 2 победи и се наоѓа на 8 позиција на табелата со 10 бода заостанување зад вечниот ривал Ливерпул.