Фудбалската федерација на Македонија во соработка со УЕФА организираше судиски тренинг камп според највисоките УЕФА стандарди.

Македонските судии работеа според програмата на главниот кондициски тренер и тренинг експерт за елитни фудбалски судии во УЕФА, професорот Вернер Хелсен.

На тренинг кампот беа опфатени најновите медоти и технологии за тренинг. Нашите судии имаа можност одблизу да се запознаат со методите на работа кои ги користи и применува УЕФА во подготовката на судиите за елитната Лига на шампиони, Европските и Светските првенства.

Повеќе од 200 судии од нашата држава, вклучени во процесот, заслужуваат честитки за трудот и постигнатите резултати. Прогресот е препознаен од УЕФА. ФФМ ќе продолжи да го надградува во рамки на федерацијата.