Фудбалската репрезентација на Финска го победи денеска во Нур-Султан Казахстан со 2:0, во седмото коло од групата Д во квалификациите за СП 2022 година.

Двоен стрелец беше Тему Пуки, а постигна голови во 45 и 48 минута.

Финска има осум бода од шест натпревари и е трета на табелата, а Казахстан има три бода на последното петто место, но и натпревар повеќе.

Франција е прва на табелата од групата Д со 12 бода, второпласираната Украина има осум, и двете селекции одиграа по шест натпревари. Босна и Херцеговина е четврта на табелата со шест бода, но од пет натпревари.

Во вториот натпревар во таа група, вечерва од 20:45 часот играат Украина – Босна и Херцеговина