Екипата на Фиорентина никако да влезе во посакуваната форма и да успее да дојде до триумф во Италијанската серија А.

Виолетовите денес загубија на гостувањето кај Сасуоло со 3:1 иако имаа водство на полувремето од 0:1

Првиот дел најавуваше успех на Фиорентина, затоа што гостинот беше оној кој доминираше. Тоа донесе и погодок во 31. минута преку Бонавентура,  ама во вториот дел Сасуоло се разбуди и дојде до трите бода.

Два пенали во 59. и 62. минута донесоа пресврт. И двата ги реализира Берарди. Триумфот го потврди Французинот Максим Лопез, кој во мрежата на Фиорентина стрелаше во 75. минута.