Во рамките на 32.коло од Италијанската Серија А вечерва се одигра дуелот помеѓу екипите на Верона и Фиорентина.

Фиорентина поведе во судиското продолжение од првиот дел со голот на Душан Влаховиќ од пенал.

Антонин Барак стартуваше непромислено со лизгачки старт и судијата немаше избор освен да покаже пенал кој гостите успешно го реализираа.

Во вториот дел домаќините создадоа неколку шанси , но не успеаа да искористат ниту една од нив , за во 65.минута Мартин Касерес да го зголеми предноста на гостите на 2:0.

Еду Салседо во 72.минута успеа само да го ублажи поразот за Верона и да ги постави конечнитe 1:2

Со оваа победа Фиорентина има 33.бодови и се наоѓа на 13.место , додека пак Верона и покрај поразот е на средината на табелата односно на 9.место.