Две групи на навивачи со спортивни идеали се пресметаа во воз во Лондон на пат кон „Вембли“ за денешниот натпревар меѓу Манчестер Сити и Ливерпул. Островските медиуми пренесуваат дека полицијата трага по насилниците но засега нема ниту еден уапсено.

Со помош на ова видео се бараат инволвираните во физичката пресметка. Станува збор за навивачи на актуелниот првак на Англија и на освојувачот на Лигата на шампионите.

Инако денеска Манчестер Сити го победи Ливерпул во Комјунити шилд на „Вембли“ по изведувањето на пенал рулетот.