Фудбалската репрезентација на Алжир е новиот владетел на Африка откако во финалето на Купот на Африканските нации го совлада Сенегал со минимални 1-0. Натпреварот беше решен уште во втората минута со погодокот на Багдад Буџенах.

Во второто полувреме Сенегалците се обидуваа да стигнат до израмнување, а во 62. минута главниот судија на натпреварот досуди пенал за Сенегал, кој по проверката од ВАР беше поништен.

За Алжир ова е втора титула во нивната историја по 1992 година, додека Сенегал го загуби и второто финале, по тоа во 2002 година.