Екипата на Арсенал го совлада нисколигашот Чарлтон со убедливи 6-0 во меч од пријателски карактер. Натпреварот се одигра на „Емирати“ пред затворени врати.

Првите два погодоци беа дело на Лаказет и Обамејанг, а посебно убав беше оној на Французинот кој од 16.метри неодбранливо шутираше.

На овој натпревар Еди Никија беше автор на два погодоци, додека мрежата ја затресе и Вилок во последните моменти од мечот.