Најмладиот фудбалски репрезентативец во историјата на фудбалската репрезентација на Македонија и член на германскиот фудбалски тим Келн Дарко Чурлинов денеска постигна гол за неговиот тим на пријателскиот меч против Болоња,кој Келн го доби со 3-1.

Чурлинов беше стрелец во 72. минута од натпреварот , а мечот го започна од клупата за резервни играчи.

Македонскиот фудбалер оваа сезона ќе биде дел од првата екипа на Келн која ќе се натпреварува во најелитното друштво на Германија,Бундес Лигата.