Бизарна ситуација се случи на реванш натпреварот од осминафиналната фаза на Лигата на шампионите, меѓу екипите на Лајпциг и на Тотенхем.

Во 56. минута од топката случајно го погоди играчот на Лајпциг, Норди Мукиеле. Ударот не беше силен, но Мукиеле остана да лежи неподвижен на тревата.Судијата веднаш повика итна помош и Мукиеле беше изнесен на носила.

Подоцна се дозна дека од ударот тој го проголта јазикот и дека ситуацијата била доста критична. Последната информација вели дека е добро.