Македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас денеска го комплетираше трансферот во Наполи и стана најскапиот Макеоднец во историјата на нашата земја.

Елмас денес со овации беше дочекан од навивачите на наполитанците на пријателскиот меч со Кремонезе.

Елмас е на клупата за резерви и чека шанса за деби од тренерот Карло Анчелоти, но неговото доаѓање предизвика бура од ерупции меѓу фановите.

Навивачите на Наполи го скандираа неговото име, откако макеоднскиот фудбалер излезе на теренот, па потоа им отпоздравуваше.