Забавен момент се случи на средбата од првото коло на американската МЛС-лига меѓу екипите на Лос Анџелес и на Интер Мајами, која заврши со победа на Лос Анѓелес со 1:0.

Косопственикот на Интер Мајами, Дејвид Бекам, ја следеше средбата од ВИП-ложата, но во еден момент остана сосема сам. Тоа го приметија фановите на Лос Анџелес и почнаа да му скандираат „You loook lonely!“ (изгледаш осамено).

Бекам само се насмеа и им возврати со ракоплескање.

Ова беше деби настап на неговата екипа во МЛС лигата.