Во рамки на 31. коло од ПМФЛ, Работнички на домашен терен денес ремизираше против екипата на Македонија Ѓ.П  со резултат 2:2.

Сите четири погодоци во овој дуел беа постигнати во првиот дел, додека вториот се играше релативно мирно без посебни закани по головите.

Резултатот го отвори Робсон во 7. минута за водство на гостинскиот тим. Работнички три минути подоцна преку Лука Станковски успеа да ја анулира предноста и да постигне погодок за 1:1.

Фернандињо во 17. минута повторно го врати водството за гостите, постигнувајќи фантастичен погодок, но во намерата да остварат триумф на гости, ги сопре, Марио Станковски кој постигна погодок во 30. минута од мечот.

Вториот дел беше одбележан со црвениот картон на Максимов во 65. минута, кој претходно доби на двапати опомена од арбитрите на мечот.

По овој дуел, Македонија Ѓ.П. останува трета на табелата со 48 бода, додека домаќините се наоѓаат на 5. позиција со 41. бод.

Во продолжение и фотогалерија од дуелот на Арената „Тодор Проески“: