Во Лас Вегас се одржа првата прес-конференција посветена на мечот меѓу шампионот на УФЦ во лесна категорија, Хабиб Нурмагомедов, и неговиот предизвикувач Тони Фергусон.

По прес-конференцијата требаше да се изведе традиционалниот дуел со погледи, но се одложи поради високата тензија меѓу двајцата борци. Во еден момент Фергусон пред Нурмагомедов го стави својот појас освоен во 2017 година, во борба против Кевин Ли, но Нурмагомедов го шутна појасот. Поради опасноста од потежок инцидент, претседателот на УФЦ, Дејна Вајт, ја прекина средбата.