Фудбалерите на Лајпциг направија мало изненадување и славеа на гостувањето во Лондон кај Тотенхем со минимални 0-1 во првиот осмифанинален меч од Лигата на шампиони.

Стрелец на голот за Германците, беше Тимо Вернер кој го совлада Лорис со удар од белата точка, а на тој гол му претходеа голем број на шанси кои гостите на „магичен“ начин не успеаа да ги искористат.

За потсетување Тотенхем вечерва настапи без Хари Кејн и Сон кои поради повреди нема да бидат дел и од реванш мечот за две седмици во Лајпциг.