Египјанецот Езелдин Бахадер влезе во Гинисовата книга на рекорди како најстар фудбалер кој постигна гол. Бахадер тоа го направи на свои 75 години на натпреварот од третата лига на Египет, играјќи за екипата на „6 Октомври“. Својот гол тој го постигна од пенал, на деби натпреварот за својот тим.

За да влезе во Гинисовата книга на рекорди и како најстар професионален фудбалер, тој треба да одигра на две средби по 90 минути.

Станав најстар фудбалер кој постигна гол на еден професионален натпревар. Играв повреден, бидејќи имам проблем со коленото. Но, се надевам дека ќе бидам подготвен за следниот натпревар и дека ќе рушам и други рекорди“, изјави Бахадер.