Во првиот меч од 2.коло во ПМФЛ во Скопје Работнички го совлада Шкупи со 2-0 полувреме 1-0.

Работнички со 1:0 поведе преку Иван Марковиќ, кој го искористи корнерот на Херера, и во 21.минута ја погоди мрежата на чаирчани.

Конечните 2-0 ги постави Тодоровски во финишот од мечот кога го потврди триумфот.

Во наредното прволигашко коло, Работнички игра против  Вардар, додека Шкупи ќе биде домаќин на Ренова.

 

Останатите средби се играат утре од 17 часот.

Недела:

Македонија Ѓ.П. -Академија Пандев

Борец 1919 – Вардар

Силекс – Шкендија

Ренова – Струга Трим Лум