Во рамките на 25. коло на Серија А денеска се одигра последниот натпревар во кој Сасуоло немаше проблем против Бреша, која ја совлада со убедливи 3:0.

Два од овие три гола ги постигна Капуто, додека стрелец на третиот е Бога.

Средбата се одигра пред празниот „Мапеи Стадиум“, поради епидемијата на коронавирусот.

Интересен момент се случи по првиот гол на Капуто, кој потоа испрати порака до сите Италијанци.

„Сè ќе биде во ред, останете дома“, пишуваше на пораката на Капуто.

 

 

.

.