Македонскиот фудбалски шампион Шкендија забележа победа на првиот меч во квалификациите од фудбалската Лига на шампиони откако во 1. квалификациско коло славеше нагости против естонскиот шампион Номе Калју во Талин со 0-1 полувреме 0-0.

Единствениот гол беше дело на Агим Ибраими од пенал во 81. минута од мечот.Тетовчани доминираа од самиот почеток, целосно преземајќи ја контролата над средината од теренот.

Првиот обид на тетовчани го имаше Марјан Радескиво во првото полувреме кој шутираше од страна, но само во голманот на естонскиот тим.

Првото полувреме заврши со 0-0. Во вториот дел се играше поактивно и се редеа шанси пред голот на естонскиот шампион.

Најпрво Агим Ибраими во 52. минута од слободен удар се закани, а потоа во 80. минута беше досуден пенал за македонскиот шампион.

Сигурен реализатор беше Ибраими кој стрелаше прецизно во долниот лев агол од голот на Естонците,  за минимална предност пред реваншот во Скопје за седум дена.

Со оваа победа тимот на Ќатип Османи е чекор поблиску до 2.коло од квалификациите за пласман во фубалската Лига на Шампиони.