Македонскиот фудбалски претставник во Лига Европа, скопски Шкупи со ерменскиот Пјуник на гости одигра нерешено 3-3 во рамките на второто коло на Лига Европа.

Уште во петтата минута Билали невнимателно го сруши Варданиан, а главниот судија Лука од Сан Марино без размислување покажа на бечата точка. Токму Вардание ја презеде одговорноста и веќе беше  1-0 за домашните.

Шкуши по примениот гол заигра подобро и направи резултатски пресврт.Најнапред, во 26. минута Мухарем Бајрами изведе слободен удар домаќините не расчистија и топката заврши во мрежата на Драгојевиќ 1-1. Не се ни созедоа од примениот гол, а Ерменците пак ја вадеа топката од мрежата. На две минути до одморот, Жуниор изведе корнер од левата страна, од втор план високо скокна Дарко Илиески и ја смести топката за предност од 2-1.

Црногорскиот голман Драгојевиќ грубо погреши во 60. минута и искусниот Бајрами со својот втор гол зголеми на 1-3.

По корнерот кој следуваше највисоко скокна Максим Жестоков, гостинскиот голман Тулио не беше најсигурен и топката отседна зад неговиот грб 2-3. Манучариан со прекрасен гол во 85. минута ги постави финалните 3-3.