Фудбалерите на Фрајбург  прославија триумф против Келн со резултат 4:1 (2:0) во мечот од 32. коло во германската Бундес лига.

Гостите постигнаа два гола на „Енерџи стадионот Рајн“ за само три минути, во 18 и 20 минута стрелци беа Петерсен и Демировиќ.

Андерсон му даде надеж на Келн да може да се врати во 50-та минута, а најдобрата шанса за израмнување беше пропуштена 12 минути подоцна.

До крајот гостите стигнаа до уште два гола  и до многу убедлива победа.

Во 93-та го погоди Грифо, а во 96-та Шмид за конечни 4: 1.

Келн остана претпоследен со 29 одвоени бода, еден помалку од Арминија и Херта, кои имаат еден натпревар помалку. Вердер има 31 бод, а Аугсбург 33.

Фрајбург е безгрижен на средината на табелата на 10-то место со 41 поен.