Последниот натпревар од шестото коло во Бундеслигата им припадна на играчите на Фрајбург

Сите три гола домашните ги постигнаа во првото полувреме.

Гостите ги „начна“  Лукас Кублер во шестата минута, а неговиот имењак Холер ја удвои предноста од Фрајбург во 25 -та.

Конечниот резултат го постави Винченцо Грифо осум минути подоцна од пенал.

Бохум и Штутгарт се сретнаа од 15 часот  и ремизираа односно нивниот натпревар заврши без голови.