Легендарниот фудбалер и капитен, а подоцна и директор на Рома, Франческо Тоти отвори две агенции консалтинг преку кои ќе ги застапува клубовите и фудбалерите и ќе бара млади таленти низ целата земја.

Почнувам нова авантура. Горд сум да ви соопштам дека во Рим основав две консалтинг компании за клубовите и за фудбалерите: CT10 и IT Scouting“, објави Тоти на својот твитер профил.

Тоти целата своја кариера ја мина во Рома, од 1992 до 2017 години, а потоа беше назначен за директор на клубот. Во јуни 2019 година поднесе оставка и замина од клубот.