Франција минимално ја победи Германија со 1-0 и тоа со автоголот на Матс Хумелс во 20 минута од првиот дел, средбата се одигра во Минхен.

Хумелс несреќно реагираше и ја погоди сопствената мрежа, и донесе победа на Франција во една од најатрактивните групи на ЕУРО.

Франција доминираше во текот на средбата, им беа поништени два гола поради офсајд на Мбапе и Бензема, но покажа екстра класа и докажа дека има тим за шампионската титула.

Франција и Португалија во групата на „смртта“ имаат по три бода, без бодови се Германија и Унгарија.