Франција со пресврт ја победи Англија со 2:1 во првото коло од гурпата Ц на Европското фудбалско првенство за играчи до 21 година.

Дембеле промаши пенал во 25 минута за Франција по што англичаните поведоа со 1:0 во 54 од вториот дел. На ова следуваше уште еден промашен пенал од триколорите, Аојар не реализираше од белата точка во 66 минута.

Иконе во 89 израмни на 1:1 а со автоголот на Ван Бисака во 95 минута Франција победи со 2:1.

Во оваа група Романија денеска славеше над Хрватска со 4:1.