Фиорентина објави видео на кое потврди дека Франк Рибери се вратил во тренажен процес и ќе биде оспособен за игра веќе во наредните 10.дена.

Крилниот напаѓач на Фиорентина се здоби со повреда на глуждот во ноемри на мечот против Лече, а во декември му беше извршена хируршка интервенција.

Франк Рибери пристигна на Артемио Франчи од Баерн Минхен минатото лето  по 11. сезони минати на „Алиајнз-Арената. Тој сезонава  одигра само 11 натпревари во Серија А.