Воведните натпревари во првиот термин за 1/16 финале во Лигата на Европа на УЕФА ја потврдија традицијата, фаворитите не минуваат лесно кај условно послабите тимови од нив.

Манчестер Јунајтед одигра 1:1 на гостувањето кај Клуб Бриж во Белгија. Домаќините поведоа по кардиналната грешка на Ромеро во 15 минута, Денис постигна гол со лоб.

Јунајтед се врати преку Марсијал во 36 минута но до крајот не успеа по втор пат да го матира Мињоле.

Севиља на гостувањето кај Клуж во Романија ремизираше 1:1. Домаќините поведеа во 59 минута преку Деач од пенал а конечниот резултат беше дело на Ен Несири во 82 минута.

 

Ајтнтрахт Франкфурт го декласираше Салцбург со 4:1 па реваншот во Австрија може да биде само формалност.

Гетафе го победи Ајакс со 2:0, Шахтјор славеше против Бенфика со 2:1.

 

Интер победи со 2:0 на гостувањето во Бугарија кај Лудогорец а Спортинг Лисабон и Ристовски славеа над Башакшехир со 3:1.