Националниот стадион во Варшава се разбуди, повеќе од 52 000 навивачи на домаќинот доби шанса да се израдува на гол, на пресметката на Полска и Македонија во 8 коло од квалификациите за ЕП 2020.

Премислав Франковски доби шанса од клупата во 74 минута против Македонија и при првиот напад во истата минута успеа да го искористи додавањето од Левандовски за водсвто на Полска од 1:0 против Македонија.

Вториот резервист на Полска, напаѓачот на Наполи, Милик го постигна вториот гол за водство од 2:0 за домаќините во 80 минута.