Ралф Рангник со победа без примен гол дебитираше на клупата на Манчестер Јунајтед откако неговиот нов тим славеше против Кристал Палас со 1:0 во 15 кло од Премиер лигата.

Фред го постигна единствениот гол на натпреварот во 77 минута, откако Јунајтед доминираше но не успеа преку напаѓачите да реализира ниту една шанса.

Во следното коло Манчестер Јунајтед гостува кај Норвич а Кристал Палас серијата порази ќе се обиде да ја прекине кај Евертон.