Во 19. коло на аргентинската Суперлига екипата на Расинг го совлада тимот на Индепенденте, со резултат 1:0.

Единствениот гол го постигна Марсело Дијаз. Истиот фудбалер стана и херој на најзабавниот момент на средбата. Имено, за време на една кратка пауза на аут линија зеде да јаде банана, а потоа беше повикан да изведе слободен удар, што и го направи јадејќи го овошјето.