Неверојатно промашување се случи на средбата од Купот на Бугарија меѓу екипите на Локомотива Пловдив и на ЦСКА 1948.

Во гужвата пред голот на ЦСКА, Лукас Масуеро промаши празен гол од само неколку сантиметри. Всушност, вистинско чудо е како упати удар со кој од толкаво мало растојание успеа да промаши цел гол.

За негова среќа, Локомотива победи со 2:0.