Англиските фудбалери важат за проблематични лица надвор од терените, а последен од низата фудбалери кои прават инциденти е Рос Баркли.

Фудбалерот на Челси во Ливерпул бил во конфронтација со таксист поради тоа  што на Баркли му паднало јадење во таксито, а возачот барал штетата да му ја плати повремениот репрезентативец на Англија. Тоа Баркли го одбил, а проблемот го реши полицијата која го одведе Баркли до банкомат да изваде пари и да ја плати штетата што ја направи во таксито.

Ова е уште една бизарна ситуација во која се наоѓа некој англиски фудбалер, а познат по ваквите испади беше поранешниот фудбалер на Манчестер Сити Џои Бартон.