Аргентина ја објави најтажната фудбалска вест, на 60 години од срцев удар почина легендарниот Диего Армандо Марадона, еден од најдобрите фудбалери на сите времиња.

Марадона познат по многу нешта, на Мундијалот во 1986 година против Англија постигна гол кој подцна беше наречен „божја рака“…

Моментот се случи на 22 јуни 1986 година, четвртфинале на Светското првенство во Мексико, Аргентина ја совлада Англија со легендарните голови на Диего Марадона, овој гол предизвика полемика со години, Аргентинецот години подоцна призна дека играл со рака.