Лацио сосема заслужено ја победи Парма со 2:0 во последниот натпревар од 4 коло во Серија А.  Доминацијата на теренот, лацијалите ја крунисаа со головите на Имовиле и на Марушиќ во 8 и во 67 минута.

Парма упати само еден удар кон голот на домаќините додека Лацио имаше повеќе од 15 реални шанси за гол.

Швеѓанецот со македонски корени, Дејан Кулушевски одново беше најдобар поединец во редовите на Парма.

Со оваа победа Лацио се искачи на петото место на табелата со скор од 2 победи и по едно реми и пораз додека Парма е на 15 позиција со само три освоени бодови по четири кола.