Во рамки на првата фудбалска лига во Србија, Металац го победи тимот на ОФК Бачка со 2-0, првиот гол предизвика вистински хаос на ова  второ по ранг фудбалско натпреварување во оваа земја.

Отакко еден играч остана да лежи на тревата сите очекуваа прекин на нападот, тоа не се случи, Никола Грбовиќ ја продолжи акцијата и постигна гол, класичен неспортски во фудбалската игра.

Играчите на ОФК Бачка се стрчаа кон Грбовиќ,  во обид буквално да се пресметаат со него поради неспортскиот потег.

На теренот вистински хаос, прекинот траел 15 минути, двајца играчи  од гостинскиот тим добиле црвен картон, еден за домашната екипа, исклучен бил и тренерот на Металац.