Екипата на Рома за половина час го реши победникот на дуелот со Сасуоло, откако на полувреме заминаа со предност од огромни 4-0. Гол серијата ја отвори Кристанте, а покрај него во листата на стрелци се запишаа и Џеко, Михтаријан и Пелегрини.

Во вториот дел „Римската волчица“ излезе немотивирана и им дозволи на гостите да го ублажат поразот на 4-2.