Манчестер Сити победи на гости против Лестер во дербито на 27 коло во Премиерлигата со голот на Габриел Хезсус во 80 минута од средбата.

Екипата од Манчестер не искористи пенал преку Агуеро во 62 минута.

Сепак Сити стигна до победа со голот на Жезус во 80 минута за 18. победа сезонава и зацврстување на второто место на табелата во Премиерлигата со 57 бодови.

Лестер со овој пораз останува на третата позиција на табелата со 50 бодови, има 7 помалку од Сити и 26 помалку од лидерот Ливерпул кој има и натпревар помалку.