Работнички и Силекс одиграа 1:1 во воведниот натпревар од 20 коло во ПМФЛ одигран денеска на „Тодор Проески“ во Скопје.

Во првото полувреме имаше спорен момент откако Гроздановски играше со рака, но гостинот не доби пенал.

Прелчец со својот деби гол во дресот на „Романтичарите“ го отвори резултатот во 51 минута а конечните 1:1 ги постигна Галевски во 80 минута.

 

20 коло ПМФЛ недела:

Шкендија – Вардар

Беласица – Струга ТЛ

Македонија ЃП – Борец

Пелистер -Ренова

Шкупи – Академија Пандев

Standings provided by SofaScore LiveScore