Албанија со пораз од Франција 0-2 го отвори новиот стадион во Тирана „Еир Албанија“, премиерата беше резултатски неуспешна за домаќините.

„Галските петли“ победија со головите на Толисо и Гризман, Франција со оваа победа  го потврди пласманот на ЕУРО 2020 од групата Х.

Франција има 25 бода од 10 натпревари на првото место, Турција е втора со 23 бода по победата над Андора на гости со 0-2.

На отворањето на новиот стадион „Еир Албанија“ се случи голем кикс, прскалките за вода ги „потопија“ гледачите на еден дел од трибините, правецот не беше вистински.